Владата ќе одлучува за отштети од ланскиот земјотрес

До крајот на овој месец ќе се носи одлука за обесштетување на охриѓани од силниот змејотрес лани.

 

-„Републичката комисија за проценка на висина на штети од елементарни непогоди е формирана кон крајот на јануари годинава. Комисијата го добила и го разгледала барањето за обесштета на општинската комисија од Охрид. За одлуката Републичката комисија се очекува до крајот на овој месец да ја извести и Владата и општината Охрид“, изјави за Фактор.мк Миле Бошњаковски, портпарол на Владата

Од Општинската комисија за проценка на штети во Охрид се оптимисти дека некакво обештетување ќе има.

-„Стапив во контакт со претседателката односно таа ми се јави. Бараа уште една табела за категоризација на објектите односно колку е оштетувањето од прва, втора, трета и четврта категорија. Тоа е испратено и во најкратко време за недела – две ќе почне исплата“, вели Раде Вељановски-општинска комисија за проценка на штети.

Силниот земјотрес од 5,1 степен според Рихтер го погоди  Охрид во јули  минатото лето, при што беа оштетени голем број куќи во градот и село Косел. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани