Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца ги повикува сите членови, симпатизери како и сите жители на општина Дебрца да излезат во Недела на 22.04.2018 година, на масовниот Протест кој го организира Здружението против изградбата на регионалната депонија во општина Дебрца.
-„Сите заинтересирани да ги следат и почитуваат насоките од организациониот одбор.
Воедно ги повикуваме надлежните институции, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Владата на Република Македонија да ја отфрлат идејата за изградба на оваа Депонија, бидејќи Дебрца претставува најчистата општина во Државата, Дебрца е најголемото сливно подрачје на Охридското езеро кое е заштитено со Закон и под заштита на Унеско.
Исто така го повикуваме премиерот Зоран Заев да си достои на дадениот збор за време од локалните избори во Белчишта и си го додржи даденото ветување со што Дебрца ќе биде ослободена од оваа налудничава идеја“, стои во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ Дебарца.