Сплотени како никогаш досега, од штабот на ВМРО ДПМНЕ Охрид очекуваат силна победа на престојните локални избори.
На вчерашниот работен состанок во штабот на ВМРО ДПМНЕ имало еуфорична и победничка атмосфера, пренесуваат членовите, Новиот претседател Кирил Пецаков ја сплотил патијата. Се чуствувало единство и желба за победа. Без разлика на тоа кој ќе биде нивниот кандидат за градоначалник тие се убедени дека ќе извојува сигурна победа.
Членството на најголемата парламентарна партија, ВМРО-ДПМНЕ активно се подготвува за претстојните локални избори. Штабовите низ Македонија се полни и може да се забележи еуфорична и победничка атмосфера.
Денеска работен состанок имаше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека голема победа на локалните избори би била одлична подлога за одржување на предвремени парламентарни избори.