Внимателно: Остатоци од снег и одрони по патиштата

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, од с.Лисец до Попова Шапка, поради остатоци на снег на коловозот задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.

 

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Прилеп – Битола и Делчево – М. Каменица, од 70 – 100 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино и од 80 -90 метри на патните правци Удово – Гевгелија и Удово – Д.Капија, информираат од АМСМ. 

Social profiles