Внимателно: Снег на превоите, забрана за камиони на Стража

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и с. Шипковица-Попова Шапка. 

Забраната е укината  на планинскиот превој Ѓавато утрово  во 08.45 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешенци, Дебар и Прилеп.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Шипковица – Попова Шапка е намалена на 30-40 метри.

 Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани