50 000 швајцарски франци за охридскиот совет од УНДП

Охрид во неколкуте општини дел од програмата за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) потпиша меморандум за соработка.

 

Валандово, Велес, Охрид, Свети Николе, Струмица и Чаир се  шесте избрани општини, кои  ќе добијат обука и поддршка со цел да овозможат буџетите на општината да се планираат и трошат во насока на очекувањата на жителите, а за таа цел ќе добијат и грантови во висина од 50.000 швајцарски франци.

„Oвој проект ќе придонесе кон промена на начинот на работење на општините. Преку зајакнување на комуникацијата меѓу членовите на советот и граѓаните, потребите и проблемите во општината ќе бидат појасни и повидливи. Ова значително ќе придонесе во подобрување на работата и навремено и соодветно решавање на проблемите “, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Првите шест општини се избрани во подготвителната фаза на проектот во 2016 и 2017 година. При изборот се запазени неколку критериуми, да има урбани и рурални општини, мали и големи, такви што немаат финансиски проблеми и такви што имаат финансиски тешкотии. Преку серија повици, во 2019 и 2020 година ќе бидат избрани уште 18 општини кои ќе влезат во оваа програма.

Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементирана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството во финансии, Здружението на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и сестринската агенција UN Women.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани