Двајца македонски планинари доцна синоќа биле пронајдени мртви на Кајмакчалан.
Како што пишуваат грчките медиуми, станува збор за момче и за девојка на возраст од 26 и 35 години од Македонија. Тие биле пронајдени мртви околу 23 часот и 30 минути на грчката страна на планината.
На местото каде биле пронајдени имало спасувачки екипи и пожарникари, но теренот е недостапен. Денеска пожарникарите ќе се обидат да ги извлечат двајцата Македонци.
Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни. На планината и понатаму врне снег, а најавени се и бури, пишува Ерепортер.