Во текот на вечерта на 02.02.2026 година, во краток временски интервал, на подрачјето на Охрид биле пријавени два пожари, информираат од СВР Охрид.
Првиот пожар бил пријавен во 20:35 часот и настанал во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на Д.Б. (39) од истото село.
Само десет минути подоцна, во 20:45 часот, бил пријавен втор пожар на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, каде што горело патничко возило „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (57) од Охрид.
Во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијална противпожарна единица Охрид, која ги изгаснала пожарите. Причините за настанување на пожарите се утврдуваат, информираат од СВР Охрид.
ФОТО Илустрација
