Инфлацијата, војните, немирите и вештачката интелегенција се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава.
Несигурноста на глобално ниво е уште еден голем предизвик кој влијае во светски рамки , а тоа воедно влијае и на нереалниот раст ма цените на недвижностите. За да се добие што пореална вредност мора да се следат стандардите и меѓународните и европските но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценувачи во Охрид.
– Во сите европски земји се високи цените. Ако ги погледнете цените на суровоте материјали особено после пандемијата и војната во Украина ќе се забележи дека пораснале многу. Сето тоа влијае на високите цени на недвижностите, вели Паоло Триндад претседателот на Европската комора на проценувачи.
-Развојот на вештачката интелегенција геополитичкиоте нестабилсноти сето тоа предизвикува да имаме проблем при правењето на новите точни проценки со тоа што најголем недостаток е потребата и пристапот до точни податоци, вели Ѓорѓе Сприровски претдседател на Комортаљ на проценувачи.
Примената на вештачката интелигенција може да помогне во процесот на процена,но потребно е внимателно користење.
– Се водам од една премиса дека вештачката интелигенција нема капацитет да го замени човекот но луѓето кои ќе користат алатки.полесно ќе се справат со предизвиците. Секако.тоа не е без предизвици и недоследности од употребата и етички стандарди. Ќе работиме еден етички стандард кој употребата ќе мора да го гарантира , рече Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски
Експертите од земјава и светот на 8 та Меѓународна конференција на проценувачи што деновиве се одржува во Охрид. ќе дебатираат за инфлацијата, геополитичките немири и вештачката интелегенција.
Новинар Соња Рилквоска
