Во Охрид излезноста до 17ч за претседателските избори изнесува 49,51%

Вкупно 42,32 отсто граѓани гласале на претседателските избори до 17 часот, односно гласале 452.412 гласачи од податоци пристигнати од 2.040 избирачки места, со вкупно запишани 1.069.021 гласачи, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија(ДИК), на прес-конференција попладнево. Во Охрид излезноста до 17ч за претседателските изб ори изнесува 49,51%, а во Струга 22,82%., додека во Вевчани 63,38%.

Излезеноста на парламентарните избори до 17 часот изнесува 45,88 отсто според обработени 99,41 процент од избирачите, покажуваат последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезност за претседателски избори досега има во Новаци, со излезност од 66,47 отсто. Најмала е излезноста во Липково, со 6.48 отсто.

До 17 часот до ДИК стигнале податоци и гласањето на парламентарните избори од 1.920 избирачки места. Од запишани 1.003.459 гласачи, на овие избирачки места гласале 470.950 гласачи, што е излезност од 46.93 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани