Изминатиот претпразничен викенд доста раздвижено, пристигнаа првите туристи на брегот на Охридското Езеро. Забележително е присуството на гостите од земјите во регионот Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција. Прекрасното сончево време го дополнува празничниот амбиент. Новогодишна музика, забава за најмладите на градскиот плоштад, дедо мразовци по охридската чаршија, преполни маркети, ресторани, кафулиња. Туристичките работници задоволни.
– Традиционално најпосетуван е од нашите соседи Срби и имаме и хрватски групи и од Црна Гора но сепак најбројни се Србите. 0215 Ќе иммаме голем број приватно сместување хотелско сместување . Мислам дека градот ке биде преполн и преубаво ке си поминат. Како секој туристички центар и Охрид ги има тие цени мсилам дека се во ред сега за нас може се поскапи но за гостите од туристите се сосема во ред, вели Загорка Георгиеска туристички работник
Охрид има солидна новогодишна понуда, но треба да се проширува и збогатува, смета научната фела. Да не биде клише Новогодишна свечена вечера и музика. Треба да се размислува за воведување новитети. Забава на плажа, крстарења, нуркање, планинарење со дедо Мраз и слично. Во поглед на цените сметаат дека се коректни но треба да растат платите на вработените во секторот.
– Цените се пазар знаете што е проблематично цените на угостителските услуги поразнаа и се на врвот на оние пораст на цените воопптшо во инфлаторната спирала. Од друга страна просекот на платата исплатена во секторот угостителство е на ранг на минималец е тоа е лошо. И сега ние не можеме да бараме квалитет на некого кого му исплаќаме минимална плата. Нема висока цена има цена дали сте добиле за тоа што сте платиле е сега кога имате таква дискрепанца оној што го плаќате да испорача висока цена а неговата плата е минималец, тука има незадоволство“, вели Сашо Коруноски професор на Факултет за туризам.
Традиционално на градскиот плоштад на 31 ќе има масовен дочек на Новата година. Се очекува илзјадници охриѓани и туристи да уживаат во забавата за која ќе се погрижат поп дивата Каролина Гочева и фолк ѕвездата Наум Петрески.
