Знаењето е златната скала што води кон небото, знаењето е светлината што ни го осветлува патот низ животот и нè води во живот полн со вечна слава. Со овие зборови претседателот на Советот на општина Охрид ја отвори 31. Балканска олимпијада по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) на која учествуваат информатичари од 15 земји.
Домаќин на натпреварот во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа е Охрид, Македонија.
БОИ 2024 е натпревар меѓу новите генерации информатичари кои решаваат задачи поврзани со алгоритми и програмирање со цел да ги покажат своите технички способности.
Општина Охрид ги препознава важноста и улогата на образованието и науката во своите развојни процеси и затоа со гордост е домаќин на најдобрите средношколци.