Во Охрид се одржа првата трка на независноста. Во рамките на Меѓународен Атлетски Маратон Свети Наум-Охрид , кој се одржа по 31 пат, се трчаше и за поддршка на децата со ретки болести.
Покрај 30 километарската трка, се одржа и рекреативна, низ градот од 5 км.
На една од најтешките патеки покрај брегот на Охридското езеро трчаше и министерот за финансии Драган Тевдоски., кој по втор пат успеа да го истрча маратонот.
-Јас со задоволство втора година по ред учсетвувам. Оваа година за поддршка за децата со р етки болести мислам дека и други јавни личности треба да се вклучат во подршка. И мислам дека следните години треба да направиме се овој охридски маратон да стане популарен, Драган Тевдоски министер за финансии.
-Оваа е многу тешка маратонска тркакоја е предизвик за многу искусни маратонци една од анјтешките како што кажуваат самите маратонци. И секој што ќе пристигне тука на целта е практино победник на овој маратон, вели Пецо Неданов оргнинизатор.
Победник на атлетсскиот маратон беше кениецот Кипкорир Бивот на прво место меѓу жените беше Слаѓана Перуновиќ од Црна Гора.
– Многу сум среќен со совоениот резултат ова е прв пат да бидам во Охрид Македонија многу сум среќен што победив оваа година. Не беше лесно имаше угорници и беше жешко, , вели Кипкорир Бивот првак.
– Морам да кажам дека сум многу задоволно со оглед на тоа што имав прејака конкуренција не очекував да бидам прва а камоли да го соборам црногорскиот рекорд, вели Слаѓана Перуновиќ победник во женска категорија.
Најбрз од македонците, беше Кокан Ајановски, кој освои четврто место.На годинешниот меѓународен атлетски маратон, кој е предизвик и за најскусните маратонци, имаше рекорден број пријавени 140 учесници мажи и 20 жени.
Мегунардниот меморијален маратон го носи имате „Влатко Димитров“ , во чест на покојниот професор по атлетика и иницијатор за обнова на маратонот.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ