Во Охрид за прв пат се одбележа Светскиот ден на културната разновидност

Со музика, песна и ора на три јазици, македонски албански и турски  во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој.

Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ учениците од ОУ Братсво и Единство  порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат препрека за другарување. Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат.  Тие  се предност, богатство и привилегија.

Од општината најавија дека негувањето на мултикултурализмот и промоцијата на различностите ќе прераснат  во традиција.

„Денеска сум посебно горд што со реализацијата на овој проект Општина Охрид стана водечка општина во земјава која ја слави различноста преку културната разновидност со која најдобро се гради едно општество за сите. Само доколку ја разбереме мултикултурата како национално богатство можеме да кажеме дека сме успеале да создадеме подобар свет за живеење, полн со разбирање и толеранција.“, кажа Перчо Божиновски претседател на Советот на општина Охрид.

Учениците од ОУ „Братство Единство“,  кое  одбележа  75 години од своето постоење,а воедно и патрониот празник,  ги презентираа традицијата и обичаите како и народната носија препознатлива за нивната етничка припадност.

„Од ова училиште сите ние успеавме да изградиме дом. Дом во кој децата зборуваат различни јазици, но играат и се смеат на ист начин. Дом во кој наставниците се припадници на различни култури, но предаваат со едно исто срце. Дом во кој секоја вера се почитува, секоја традиција се прифаќа, а секоја различност се слави“, кажа директорот Мехмед Џемал.

Прославата  ја збогатија учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“,  кои  подготвија мултикултурна софра со традиционална храна од сите еднички заедници.

„Навистина сме горди што сме дел од еден ваков настан каде нашите ученици приготвија традиционална храна карактеристична за сите еднички заедници. Ова е начин младите да се запознаат со различните традиции со нови култури и со нови начини на готвење и да се почитуваат меѓусебно оти сите ние сме дел од едно општество“, рече  директорот Тони Андрески.

„Оваа мултикултурна трпеза е подготвена со разновидни јадења од различните мултиетнички заедници, албанска, македонска турска со цел да покажеме дека тие различности не обединуваат сите нас“, вели ученик од РЦСО Ванчо Питошески.

Подготвивме традиционални јадења, има комат со спанаќ, пишии, сарма, питулици,булгур, кадаиф со крем, сутлијач. ,,, Професорите ни помагаа а имавме и гости од турција кои со нас споделија рецепти“, вели ученичка од РЦСО Ванчо Питошески.

Секоја година на 21 мај, светот го одбележува Светскиот ден на културната разновидност, инициран од УНЕСКО во 2001.

Фотогалерија

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани