Две лица синоќа беа прегазени на пешачката зона на троатоарот кај Мини маркет. Патнички автомобил „Голф 7“ со голема брзина изгубил контрола, поминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот на спротивната страна од „Туристичка“. Четириесет и четири годишна охриѓанка го загуби животот а со повреди се здобил и нејзиниот колега.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и возачот кој имал привремен престој во Охрид.
Во тек е истрага за утврдување на причините кои довеле до сообраќајката.
