Во пораст бројот на карциноми на простата и тестиси

Во пораст бројот на карциноми на простата и тумори на тестиси. Тоа се најчестите заболувања денес кај машката популација.  Лекарите велат загрижува и тоа што е намалена старосната граница. На одделението за Урологија при охридската болница се лекуваат пациентите од целиот Југозападен регион. Лекарите велат дијагностицирани се голем број мажи со овој тип заболувања.

– Дијагностицирани се многу мажи со вакви болести можеби и затоа што денес имаме посовремени дијагностички методи во минатото ги немавме, имаше само основни прегледи што сите го избегаваа како непријатен преглед. Денес најпогодена е популацијата од 60 до 70 години, многу имаме пацинети кои кај нас успешно се оперираат а веќе работиме и со радикална лапараскопија. Доколку има потреба пациентот се праќа на онкологија за понатамошно следење, вели д-р Ристе Медароски уролог при Општа болница Охрид.

Мажите се поедуцирани денес, во споредба со минатото. Уролог се посетува не само кога се има мака туку и превентивно за редовна контрола.

– Таа контрола кај мажите се прави на тој начин што се зема крвна слика, се прави ехо кај пациентите и една опширна анамнеза. Пациентите кажуваат симптоми а тие се водечки дел од анамнезата и така ке додјеме до заклучок во кој смер ќе се лекува. Мажите не треба да се плашат од прегледи, туку секој маж над 40 -45 години треба  редовни рпегледи бидејки оттпгаш почнуваат проблемите со уринарниот тракт. Првиот  преглед е ехо и крвна слика за да се испита тумор маркер на простата а со тоа ќе знаеме дали има бенигна или малихна хиперплазија, вели Медароски.

Апелот на лекарите е мажите над 45 години задолжително еднаш годишно да прават уролошки прегледи. Раната дијагностика на карциномите е предуслов за успешно лекување.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани