Во сабота Боксерски турнир „Отворен Балкан“

Почесниот конзул Михајло Филев оствари состанок со  Селекторот на младинската боксерска репрезентација на Србија Бранислав Јовичиќ, претседателот и тренер на боксерскиот клуб Вукови од Лозница Александар Николиќ, тренерот на боксерскиот клуб Мачва од Шабац , Александар Мијаиловиќ, тренер на боксерскиот клуб Металац Ваљево, Петар Милеушниќ, тренер на боксерскиот клуб Светомир Белиќ – Раковица Белград и Валдимир Цекич Боксерски Клуб Охрид.
-Разговаравме околу успешното реализирање на престојниот Боксерски турнир Отворен Балкан кој ќе биде во иднина уште една голема спортка традиција за поврзување на спортистите и народите. Турнирот е подржан и помогнат од Општина Охрид, Боксерските Федерации на Македонија и Србија, почесниот конзулат на Р.Србија во Охрид , Боксерскиот клуб Алексо Огненовски од Охрид, кој ќе се одржи во Охрид во сабота 10.05.2025 со почеток во 14 часот на градскиот плоштад и финале во 19 часот кое ќе биде пренесувано во живо на Tv Arena Fight. Спортот не познавa граници, спортот обединува, зближува, облагородува и ги сплотува народите, вели Филев.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани