Во тепачка, стружанец удрен со шише по глава

Седум стружани се степале, еден од нив добил шише по глава а сите заедно добиле кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „учество во тепачка”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против седум лица од Струга и струшкото село Калишта.Кривичната пријава е поднесена против О.Е.(30), А.Ѓ.(29), И.Т.(27), Р.Ш.(27), В.Т.(29), Ј.Т.(22), В.Т(21).
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вели дека пријавените кривичното дело го сториле на 16 септември оваа година, во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга. Тука, В.Т.(29) најнапред физички го нападнал О.Е.удирајќи го со шише по главата а веднаш потоа во тепачката се приклучиле и останатите сега пријавени, кои биле нивни другари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани