Марихуана пронајдена во село Велешта.
На 10.11.2021 околу 20.30 часот кај место викано „Жабјак“ во атар на с.Велешта, струшко, полициски службеници од ОВР Струга при преглед на теренот пронашле и одзеле една полиетиленска ќеса со марихуана. Бил извршен увид и по целосно расчистување и докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
