Во весела атмосфера Охрид ја дочека Новата 2026 година

Во весела и празнична атмосфера, со музика, насмевки и добро расположение, Охрид ја пречека Новата година на Градскиот плоштад. Илјадници граѓани и туристи од земјата и од регионот заедно одбројуваа до последните секунди од старата и со аплаузи ја поздравија новата 2025 година.

Центарот на градот беше исполнет со позитивна енергија, а празничната магија ја надополни богатата музичка програма, која ги забавуваше присутните до доцна во ноќта.

Дочекот помина мирно и без поголеми инциденти, а празничната атмосфера продолжува и во наредните денови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани