На 20 и 21 септември во Вевчани ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик.
Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.
Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).
Напомена : Ги замолуваме граѓаните на општина Вевчани, тој ден, да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште.
