Во првата декада од овој месец, ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“, на 11 мерни места на потегот од авто – кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“, изврши физичко – хемиска анализа на водата од езерото.
Според добиените резултати на 8 мерни места водата е од прва класа, на две мерни места е од втора класа, а само на плажата „Грашница“ е од трета класа.
Според законските норми, дозволено е капење во вода со квалитет од прва и втора класа.
Примероците вода се земени на оддалеченост од 20 – 100 метри од брегот на длабочина од 2 – 3 метри, на следниве локации: Авто – камп „Андон Дуков“, „Грашница “- плажа, „Лабино“ – плажа, пред хотел „Ројал“, градско пристаниште, плажа
„Ј’но“, „Сараиште“, „Потпеш“, „Канео“, пред одморалиште „Партизан“ и хотел „Мизо“.
