Воведена забраната за риболов при природен мрест

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.

 

Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони и е различна за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите.

Со решението,како што информира министерството,  концесионерите за организирање на рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација треба да ги извести концесионерите на својата веб страна, да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната. МИА

Social profiles