Безживотно тело на 31-годишен скопјанец синоќа било пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на автокамп.
Од полицијата информираат дека на 15 септември во 22 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и СВР Охрид, телото на Б.С. било пронајдено на околу 50 метри од копното.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Препознавањето го извршил член на семејството.
Претходно, на 14 септември во 18:10 часот, во СВР Охрид, 68-годишниот татко на Б.С. пријавил дека неговиот син е исчезнат. Според пријавата, двајцата престојувале во автокамп во Охрид.
По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
