Заедно чистиме – еко акција на Збогум Буково. Активистите поддржани од волонтери вчера спроведоа еко акција околу Горна Порта Охрид. Се чистеа патеките околу Самоиловата тврдина. Еколозите велат итно треба да се работи на свеста на населението.
-Да се кажува колку вреќи ѓубре собравме е без поента. Заглавивме на паркингот, едвај тргнавме по патеката. Цели гарнитури за двор исфрлени позади ѕидините во шумата, стотици шишиња СКОПСКО. Време е најголемите производители и загадувачи во Македонија да ги преземат првите сериозни чекори да ја намалат пластиката и да ги едуцираат своите потрошувачи.
Ова е втора акција за чистење на Збогум Буково, која беше побројна од првата.






