За безбедноста на Водици ангажирани пет спасувачки тимови и медицинска поддршка

Во рамки на верскиот празник Богојавление – Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид ќе биде активно вклучен со низа здравствено-превентивни активности.

На 18 јануари (недела) од 19:00 до 23:00 ч., на пунктот помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“, медицински тимови ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои ќе учествуваат во традиционалното „скокање по крстот“. Црвен крст апелира до учесниците да ја проверат својата здравствена состојба пред капењето во вода со температура од околу 8°C.

На 19 јануари (понеделник), за време на осветувањето на водата и скокањето по крстот на Градското пристаниште, Црвен крст ќе обезбеди:

  • 5 тимови спасители на вода долж пристаништето и во чамци

  • 3 нуркачки тимови

  • 5 медицински тимови со 2 амбулантски возила

  • дополнителна поддршка од тим на Итната медицинска помош

Исто така, традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ ќе се одржи од 9:00 до 15:00 ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“. Сите граѓани и гости се поканети да учествуваат и да даруваат крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија, ќе им се заблагодари со скромни подароци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани