Стоматолошката ординација, доктор Батковски, цели 17 години е главен покровител и поддржувач на спортско рекреативната и хуманитарна акција „За посреќно детство“.

Оваа успешна приказна започна како иницијатива за едукација и подигнување на свеста за оралното здравје, денес прерасна во бренд на градот Охрид.
-Совсем случајно, како еден мал настан, со цел да ја подигнеме свеста за оралното здравје на повисоко ниво. Првата година направихме еден интересен подвиг каде што формирахме една импровизирана стоматологшка ординација. И правевме безплатни прегледи. И тоа се покаже како еден иновативен и многу интересен концепт. кој што предизвика голем одзив и много позитивни критики. И оттогаш, секоја година се надградувавме и се трудиме секоја да ни биде поразлична, поинтересна. И од еден мал настан, дојдовме сега до една бројка каде што малтене цел град учествува во овој настан. Гледавме дека ги поттикнавме да се придружат уште многу компании, Така да мислам декасоздадовме една убава традиција, вели д-р. Небојша Баткоски сопственик на Стоматолошки центар „Д-Р Баткоски“.
Оваа година повторно многу награди и изненадувања за најмладите.
-Направивме едно тркало, да направиме поинтересно. Направивме фотографија 360 степени, и направивме едно тркало на среќа, каде што ќе добијат најразлични продароци, од чадори, чаши, топки, подароци од алколоид, од мустела, од Реплек и други подароци. Мислам десет различни подароци. Оваа година има и други подржувачи кои што заедно со Црвениот крст имаме и награди. Секоја година ние симболично делиме бесплатно за сите учеснници, за сите деца им даваме бесплатно четка за ЗАБИ. Тоа го сметаме веќе како основен подарок кој ми го даваме, вели д-р Баткоски.
На настанот секоја година како општествено одговорна компанија, поддршка даваат и аптеките Виа Фарм.

-Секогаш сме тука да поддржиме здравје, спорт и хуманост. Особено кога станува за една симбиоза во која главната улога ја имаат најмилите- децата, вели Марица Баткоска од Виа Фарм.












ВИДЕО
