За правните субјекти истекува рокот за поднесување годишните пресметки

Утре истекува рокот за поднесување на годишните пресметки за правните субјекти.

Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува утре, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма.За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.март оваа година. Големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма.  Централниот регистар денеска и утре ќе работи од 07 до 21 часот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани