Унеско е бренд, заштитен знак на Охридскиот регион и еден од основните мотиви за привлекување на туристи, но, масовниот туризам носи низа штетни последици. Според експертите потребен е одржлив туризам, богатото културно историско наследство да се преточи во квалитетна туристичка понуда.
Да се промовираат ретките споменици на културата и историјата, уникатните природни вредности кои ќе донесат еколошки свесни и културни гости.
– Не сме свесни ние што значи да си на списокот на УНЕСКО конкретно за туризмот вас не ви треба друга реклама. Овој микрорегион не трпи толкав наплив на жители па и наплив на масовен туризм. На жал, Охрид, ако го задржеше, имиџот како еден заштитен град, сигурно ќе имавме помал број на гости, али многу поголем профит и ќе ја продолжавме сезоната, вели екологот Ванчо Стојаноски.
Охрид е културна метропола со светско природно и културно наследство и итно е потребна стратегија и мерки за зачувување на статусот на Унеско, велат граѓаните.
Во секој случај да го сочува зошто тоа е голем придонес за градот воопшто и за Макеоднија. Ама треба многу да работаат да се отстранат сите забелешки
Долги години се соочува особено со урбанизација, со диви депонии, со нелегални градби покрај целото Охридско крајбрежје. Така што можеbи тоа треба да стане едно предупредување како да се однесувама.
Бренд е привлекува туристи туристичко место сме.
Искуствата во светски рамки покажуваат дека одржлив туризам обезбедува поголем економски бенефит во дестинацијата, во однос на масовниот.
Со одржлив туризам поголемиот дел од парите остануваат во локалната економија, а од друга страна се овозможува заштита на природата и културните вредности.
Новинар Соња Рилковска
МРТВ
