СВР Охрид ги известува возачите дека на сила е активна забрана за запирање и паркирање на патнички моторни возила на кружниот тек на пресекот на булеварот „Македонски просветители“ и кеј „Македонија“.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат воведената мерка, како и насоките и укажувањата на полициските службеници со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Непрописно паркираните возила деновиве добиваа опомени.
