Запленета марихуана и хашиш, две лица под истрага

Во две одделни полициски акции на подрачјето на Струга и Охрид, пронајдена е и одземена дрога, а против две лица се преземени законски мерки.

На 10.02.2026 година во 18:15 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.А. (47) од Октиси. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот, при што по извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.

Надлежните институции продолжуваат со постапките во согласност со законските процедури.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани