Запленети муниција и марихуана во Подгорци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на струшкото село Подгорци, поради сомнение за кривични дела поврзани со нелегално поседување и тргување со оружје и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела 174 парчиња муниција со различен калибар и две пакувања марихуана.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани