Започна 64 то Издание на фестивалот Охридско лето

Започна 64. Издание на Охридско лето. Бројната публика  синоќа уживаше  во неповторливиот концерт на  светски познатиот  виолионист Џулијан Рахлин и оркестарот на Македонската филхармонија.

Уметничката програма на фестивалот „Охридско лето“ годинава на охридските сцени ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга. Сцените Антички театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и предворјето на црквата се подготвени за бројната публика.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери ќе донесе совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста со настап на околу 800 уметници.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани