Започна спроведувањето на проектот за поврзување на Струга и Поградец.
Градоначалникот Рамис Мерко оствари средба со партнери од ИПА-ЦБЦ проектот, Наташа Амдију од Зелен Институт и Валон Мејзини од Милано, проект каде Општина Струга е лидер.
По фазата за одобрување на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и природните ресурси – CoolTour“, финансиран од Европската Унија во рамки на проектот ИПА II за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, почнува фазата на спроведување на истиот. Овој проект е поделен на неколку компоненти, вклучувајќи инфраструктура, туристичка промоција, како и гастрономија и угостителство. Промовирање на Струга и Поградец како градови покрај Охридското Езеро е главната цел на овој проект, информираат од општина Струга.
Во рамките на проектот ќе се градат пристаништа во Струга и Поградец, а ќе бидат набавени и два еко бродови.
