Започнаа градежните работи за реконструкција на локалната улица на потегот Трафо Бебекој – Попој во Вевчани.
Како што информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, со реконструкцијата е предвидена изградба на подземна инсталација, поставување нови канделабри за улично осветлување, како и целосно асфалтирање на локалната улица.
Поради изведувањето на градежните активности, од Општина Вевчани апелираат граѓаните во наредниот период да ги користат алтернативните улици и патишта за движење со автомобили, додека траат работите.
Од локалната самоуправа велат дека градежните активности ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата и условите за движење на жителите во овој дел од Вевчани.
