550 евра казна за напуштање на мачиња –прва во земјава

Казна од 550 евра за напуштање на мали мачиња. Случајот предизвика големо внимание кај активистите за заштита на животните, кои велат дека ова е важен чекор кон доследно санкционирање на неодговорното сопствеништво.

Според информациите објавени од активисти за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство изрекла парична казна од 550 евра за случај на напуштање на мали мачиња.

Случајот бил пријавен од совесен граѓанин, кој доставил снимка од надзорна камера на која се гледа лицето како ги фрла мачињата во парк, а на снимката јасно се забележува и регистрацијата на возилото. Случајот бил пријавен од совесен граѓанин, кој доставил снимка од надзорна камера на која се гледа лицето како ги фрла мачињата во парк, а на снимката јасно се забележува и регистрацијата на возилото.

Случајот е особено значаен бидејќи станува збор за мали животни кои биле оставени без соодветна грижа, а активистите посочуваат дека со постапувањето на институциите е испратена јасна порака дека напуштањето животни не смее да остане без последици.

Од АХВ и претходно имаат укажувано дека напуштањето на домашните миленици е забрането и казниво со закон. Агенцијата во свои објави посочува дека особено е важно да се спречи создавањето и напуштањето на несакани легла, а стерилизацијата ја наведува како една од мерките за одговорно сопствеништво.

За активистите, ова е охрабрување граѓаните да ги пријавуваат случаите на напуштање и злоупотреба на животни.

„Вакви случки кај нас се секојдневие, но за институцијата да постапи потребна е пријава“, апелираат тие, повикувајќи ги граѓаните да зборуваат во име на животните кои не можат сами да се заштитат.

Пријави за неправилности поврзани со благосостојбата на животните можат да се поднесат до Агенцијата за храна и ветеринарство. Одделението за заштита на потрошувачите прима претставки од граѓани, а пријавите може да бидат и анонимни. (FVA)

Бесплатната телефонска линија на АХВ е 0800 3 2222, а пријави може да се испратат и на info@fva.gov.mk. (Economy)

За оние кои секојдневно се борат за заштита на животните, казната е важен сигнал дека пријавувањето има смисла – и дека напуштањето на животно може да има конкретни правни последици.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани