Охриѓанка нападнала полициска службеничка пред СВР Охрид

41-годишна охриѓанка е лишена од слобода откако во текот на ноќта пред влезот на СВР Охрид со возило се обидела да влезе во кругот на полициската станица, при што нападнала полициска службеничка.

Според информациите од СВР Охрид, инцидентот се случил во 1:17 часот на булеварот „Македонски просветители“. М.С. со автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, најпрво со вратата од возилото удрила полициска службеничка, а потоа физички ја нападнала.

Жената, како што информира полицијата, била агресивна и упатувала закани кон други полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

М.С. била задржана во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани