Пријавено допирање на 12-годишно девојче во Охрид

63-годишна охриѓанка вчера во СВР Охрид пријавила дека пред неколку дена нејзината 12-годишна внука била недозволено допирана по телото од 17-годишник од Битола, кој привремено престојувал во Охрид и кого девојчето го познавало.

По пријавата, полициски службеници од СВР Охрид, во присуство на претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид, извршиле службен разговор со малолетникот.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани