Започна второто полугодие, нема намалување на рестрикциите

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, поради тоа што има благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, сметаат надлежните.

Ковид сертификатите остануваат да важат, а денеска ќе се знае како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата.

Министерот за здравство Беким Сали вчера кажа дека има благо намалување на бројот на новоинфицирани, и оти се следи состојбата со капацитетите на болничките кревети.

– Во тек сме со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што, нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме, смета ресорниот министер.

Сепак, тој е дециден дека намалување на рестриктивни мерки нема да има, поради тоа што согласно епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран.

Од денес започна второто полугодие во училиштата. И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022 и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и  полагањето на двата екстерни  испита закажани за 4 и 13 јуни.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани