УЈП најави засилени контроли за неиздавање на фискални сметки.
Се поголем број на граѓани се јавуваат во УЈП и поднесуваат претставки за неиздавање на фискални сметки. Најголем број од фискалните сметки не се издаваат во секторот на услуги.
Директорката на УЈП најави засилени контроли посебно кога станува збор за настани од забавен карактер. Како пример го посочи Супер купот, кога имало засилени контроли и Струмички карневал кој следува. Таа информираше дека од извршените контроли минатата недела само кај 10 отсто од субјектите биле утврдени неправилности.
Освен неиздавањето на фискални сметки како други форми на скриена економија, Лукаревска ги спомна пријавувањето на понизок обрт од страна на компаниите, пријавувањето на помали приходи, издавање на фиктивни фактури, формирање на фиктивни компании и лажирање на фактурите. Најголем дел од скриената економија е кај микро и малите бизниси.