Заврши реконструкцијата на Музејот во Градиште, Охрид подготвен за екот на сезона

Реконструиран комплексот  Залив  на коските. Со 15 милиони денари комлетно заврши  реставрацијата на најпосетуваниот музеј во земјава наколната населба во  Градиште. . Се изврши санација  на платформата и   24 – те праисториски куќички распослани врз Охридското езеро.

-Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не сличајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи споредн направените истражувања најголемиот дел од посетителите, односто туристите кои ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство, изјави премиерот Мицкоски.

-Презедовме доста чекори за реставрација на самата палафитна населба , на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли,осветлување, вентилација,  целиот комплекс и она што не се гледа наводнувањето ќе го решиме наскоро објавен е тендер, вели Горан  Патчев директор на Завод и музеј.

Почетокот на фестивалот Охридско лето вечерва  го најавува стартот на главната туристичка сезона.Охрид е преполн со туристи,  а во следните 40 денови најголемата музичко сценска манифестација во земјава дополнително ќе привлекува гости.

– По бројот на продадени карти и попбарувања кои што ги имаме оваа година сфатив дека имаме одлична програма на 65 то издание се разбора дека тоа ќе  привлекува  многу повеќе туристи во Охрид и регионот , рече Зоран Љутков министер за култура.

Премиерот Мицковски рече владата силно работи на развојот на туризмот а тоа го гпотврдуваат официјалните бројки на  државна статистика  годинава  за 16 %е зголемен бројот на туристи споредбено со лани. Градоначалникот Пецаков вели Охрид е инфраструктурно подготвен за шпицот на сезона.

 -Пуштањето во употреба на реконструираниот пат  Охрид Свети Наум и утре делот кој ќе го пуштаме во употреба на автопатското решение во делот од Охрид Врбјани означува подобар пристап на туристите, зголемен број на туристи и секако  поголема атрактивност на градот, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.

 

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани