Здрав и вкусен пудинг од чиа семе

Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет. Оваа недела ви носиме рецепт  за здрав чиа пудинг. 

 

Не заборавајте „Ние сме она што јадеме“ Нашето здравје зависи од храната која ја конзумираме……

За една чаша пудинг од 250 грама потребно ви е 250 милилитри вода. Во неа додадете две лажици чиа семе и малку ленено семе. Оставете да отстои околу половина час. 

Потоа смесата ставете ја во блендер, додадете една банана, седум осум вишни, една голема лажица какао и  малку кокос за подобар вкус. 


Откако убаво ќе се соедини ставете во чаша декорирајте по желба и уживајте во здравите а вкусни рецепти. 

Здравјето на дланка…….

Наздравје 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани