Здружението на дијабетичари на прием кај градоначалникот Пецаков

Денес, по повод 14 Ноември, Меѓународниот ден на лицата со дијабет, дел од управниот одбор на Здружението на лица со дијабет од Охрид остваривме прием кај градоначалникот на општина Охрид, г. Кирил Пецаков.
Под мотото „ГЛАСОТ НА ЗАЕДНИЦАТА“ разговаравме за потребата од креирање локални политики кои ќе ги поддржат лицата со дијабет, со посебен акцент на едукација во основните училишта за здравата исхрана и физичката активност како превенција, како и други мерки за кои ќе се разговара на панел дискусија која ќе се договори дополнително.
Со благодарност ја примивме поддршката од градоначалникот, кој ги препозна нашите иницијативи како благородни и значајн, и најави дека преку надлежните служби ќе бидат разгледани. Очекуваме позитивни чекори во најскоро време.
Дијабетот не е само здравствена состојба – тоа е заедничка борба, глас, и визија за подобро утре. Продолжуваме заедно, со надеж, енергија и конкретни предлози, информираат од Здружението на дијабетичари.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани