Здружението на пензионери од Вевчани- „Матица наша“-Вевчани, предводено од претседателот на здружението Јован Лазороски и претседателот на Извршниот одбор Витомир Костојчиноски, заедно со членовите на ИО положија свежо цвеќе на споменикот што го симболизира НОБ и Илинден, во центарот на селото на достонствен начин го одбележаа 11 Октомври Денот на народното востание.
Денот на востанието на Македонија или Денот на народното востание на македонскиот народ, познат и како 11 Октомври, е еден од најсветлите државни празници на Македонија и на Вевчани. Неговото чествување е прослава и чествување на македонската државност и националната слобода. Во суштина 11 Октомври е симбол на Нардноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна, борба што беше насочена протв фашизмот. Во која и Вевчани даде свои жртви.

„ Вечна благодарност на паднатите борци во НОВ 1941-1945 “ стои напишано на споменикот на паднатите борци во Вевчани, подигнат на 15 мај 1945 година од Здружението на борците од Вевчани.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
