Жбогар на работен ручек со градоначалникот Георгиески

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денес имаше работен ручек со Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.

 

Освен за актуелните теми поврзани со УНЕСКО, на средбата беше разговарано и за проектите кои Општина Охрид ги имплементира со поддршка на европските фондови. Исто така беше потенцирана и заинтересираноста за понатамошна соработка на идни проекти кои се значајни за развојот на Охрид како туристички центар.

Инаку, евроамбасадорот Жбогар, денес престојуваше во Охрид, со цел да ја промовира новата кампања на Делегацијата на Европската Унија под брендот „ЕУ за ТЕБЕ”.

Кампањата има за цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина и истата вклучува посети на осум градови во периодот од 20-ти до 31-ви  мај, како и спортски активности кои се планирани за периодот од 31-ви мај до 19-ти јуни низ целата држава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани