Жител на Подгорци починал при пад од дрво.
На 30.09.2020 околу 11.10 часот во полициската станица Струга пријавено е дека во атар на струшкото село Подгорци, бил пронајден починат Р.А.(63) од истото село. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош било констатирано дека починал по пад од дрво, без траги од насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.