Двајца велештани тепале жител на Делогожда.
На 27.10.2020 година околу 15 часот, на паркинг простор пред деловен објект на патот Струга-Ќафасан, А.К.(24) и Г.К., двајцата од струшкото село Велешта, физички го нападнале С.М.(39) од селото Делогожда. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
