Жителите на струшко Белица најавуваат блокади на каменоломите

Жителите на струшко Белица го кренаа гласот против каменоломите во селото.

Се жалат камионите им ги уништуваат улиците, експлозиите им ги оштетуваат куќите, а тие секојдневно се гушат во прашина.
Во селото се активни пет каменоломи кои редовно вршат ископи. Мештаните обвинуваат дека се издаваат дозволи без стандарди.

 -„Пет каменоломи има овде, многу лошо, вода 2 месеца немаме, а сега слушаме ќе ни носат и нови каменоломи“, вели друг жител на Белица.

-„Тие нека се богатат, ние ќе страдаме, ние со наши камења се удираме по глава, бидејќи одиме и гласаме, а тие воопшто не се грижат“, вели еден жител на Белица.
Жителите на Белица бараат да запрат активностите на каменоломите во спротивно најавуваат блокади.

– „Доколку не се реши овој проблем, ние ќе покренеме иницијативен одбор, ќе ги сопреме каменоломите, ќе излеземе на улица со автомобили и ќе ги спречиме да работат, бидејќи немаат право да се толку блиску до населени места и да работат дење и ноќе “, вели трет жител.

Истиот проблем го имаше село Лабуништа. После повеќегодишните протести, Владата во мај 2020 година им ги раскина договорите за концесија на каменоломите и им забрани работа.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани