Водата во Охридското Езеро прва класа, безбедна за капење

Туристичката сезона во Охрид е во полн ек, а водата во езерото е безбедна за капење. Последните анализи на Центарот за јавно здравје на потегот од Свети Наум до Радожда покажале дека површинската вода е од прва класа. Со зголемувањето на температурите и бројот на туристи, се очекува одреден пад на квалитетот, но од центарот велат дека будно ќе ја следат ситуацијата.

Препорака и ова лето е да се користат безбедните капалишта долж брегот и да се почитуваат препораките на спасителите на вода.

Од Црвениот крст апелираат до сопствениците на педалинките кои секоја сезона се тред кај најмладите да ги издаваат само со елеци за да нема несакани последици.

Извор Сител ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани