Познатата серија „Тинејџерски камп” или уште попозната како „Дајте музика“ на 2 јули ќе се снима во Охрид во Античкиот театар со почеток од 19:30 ч.
Дел од серијата е познатиот македонски актер Тони Михајловски.
Граѓаните кои сакаат да ги слушнат нашите познати хитови можат да присуствуваат како публика на снимањето на концертот за втората сезона на „Тин Камп“.
Серијалот „Тин камп“ е забавно-музички серијал кој обработува теми соодветни за тинејџерите.
